Италијанскиот првак Наполи рутински со 2-0 триумфира над Сасуоло, Елиф Елмас и овој наатпревар го започна од клупата за резерви, во игра влезе во самиот финиш, Лацио на Олимпико загуби од Џенова со 1-0.
Ако судиме по првите две кола, Елмас под водство на Руди Гарсија добива уште помала минутажа отколку кога Спалети го водеше тимот. Македонскиот фудбалер во игра влезе во 83. минута, имаше една шанса за гол која му ја одбрани голманот на Сасуоло.
Водство за Наполи донесе Осимен во 16. минута од пенал.
По седум минути игра во вториот дел Макси Лопез поради пцовка кон судијата доби директен црвен картон. Наполи до крајот играше со фудбалер помалку.
Во 60. минута Распадори промаши пенал. А четири минути подоцна капитенот Ди Лоренцо ги постави конечните 2-0.
Второ коло, втор пораз за Лацио, овојпат на свој терен од повратникот во Серија А, тимот на Џенова. Ретегуи во 16. минута го постигна единствениот гол на дуелот.
Големи се шансите серијата на порази да продолжи за Лацио и во следното коло бидејќи гостуваат кај Наполи.
Виктор Осимен донесе водство во 16.минута, а Распадори во вториот дел не реализира пенал. Сепак, капитенот Ди Лоренцо погоди за 2-0 во 64.минута и ги реши дилемите.