Иако водеше до последните моменти од натпреварот, екипата на Рома повторно остана без триумф и по четири кола е без победа во Серија А оваа сезона.
„Волчицата“ ремизираше на гостувањето кај Џенова со 1-1 и тоа е трет нерешен резултат во првите четири натпревари од првенството. Украинскиот репрезентативец Артим Довбик со својот прв гол во дресот на Рома го отвори резултатот во 37. минута и се чинеше дека тој ќе биде доволен за победа.
https://twitter.com/i/status/1835295981060931626Сепак, во шестата минута од судиското продолжение во второто полувреме, Витиња асистираше, а Де Винтер со глава ја закова топката под пречка со што му донесе бод на домашниот тим. Нова шанса за прва победа сезонава, Рома ќе има идниот викенд кога го дочекува Удинезе.