Ц. Звезда водеше од самиот почеток на натпреварот и ја доби првата четвртина со 24-13, а до полувреме водството на домаќинот изнесуваше 50-29.
Партизан почна да се буди во второто полувреме, меѓутоа не можеше да го скрши отпорот на вечниот ривал и да внесе поголема неизвесност во натпреварот.
Најефикасен во победничкиот тим беше Немања Недовиќ со 16 поени, додека кај „црно-белите“ најдобар беше Кевин Пантер со 17 поени.
На останатите натпревари, Асвел беше подобар од Жалгирис со 93-79, додека Олимпијакос го надигра Монако со 75-73.