Катастрофалната сезона за „жирондинците“ и мизерната сезона која најавуваше катаклизмично сценарио денеска доби своја разрешница, па Бордо со четвртиот пораз во последните пет меча остана последен со 27 бода, дури недостижни седум на две кола до крајот од првиот во сигурната зона Лориен. Најблискиот ривал Клермон беше достижен, ама овој клуб победи со 2-1 и со тоа стави точка за екс-шампионот.
За половина час беше јасно дека Бордо ќе загуби откако Анже даде два гола преку Чо и Менди, надеж за некаков пресврт донесе Мара со гол во 60-та минута за враќање на Бордо во мечот, но само три минути траеше таа надеж, откако Бахокен ја врати предноста од два гола, а Переира со четврти гол стави печат во 90-та.
Бајо од пенал во 69-та минута на Клермон му ја обезбеди големата победа во трката за спас, а Ланс го победи Ремс со 2-1 во третиот денешен попладневен меч во Лига 1.