Ирците денеска дојдоа на чекор да направат сензација и да се изборат макар за продолженија против бугарски Лудогорец, после убедливите 0-3 во Разград, но фаворитот и со десетмина успеа да им даде гол во судиското надополнување и да не дозволи сензација.
Грин во 21-та минута донесе водство за Шамрок, а Шоу во 51-та доби втор жолт картон и беше исклучен, но дури во 88-та Емаку ја дуплираше предноста и донесе крајно неизвесна завршница, во која Каулу во 91-та им ги урна надежите на Ирците, во мечот кој траеше скоро сто минути.
Првиот меч на Шкупи и Шамрок е на 4 август, а реваншот на 11 август.