Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов одигра одличен натпревар за Мол Фехервар и постигна гол во триумфот од 3-1 против Кишварда. Тој во 28.минута со удар со глава успеа да го израмни резултатот на 1-1, а потоа неговиот тим дојде и до победа.
Во составот на Кишварда беа Марио Илиевски и Бобан Николов. Илиевски влезе на почетокот на второто полувреме, а Николов доби шанса во 76.минута од дуелот.