Црвена звезда е во исклучително тешка позиција. Во моментов заостануваат пет бода зад својот ’вечен ривал’, а ситуацијата во клубот не е ниту во најдобра состојба. По дуелот со Радник од Сурдулица, се појавија информации дека Дејан Станковиќ се судрил со капитенот Милан Борјан, но и замерил на голем број играчи.
Медиумите известуваат дека Станковиќ многу брзо ќе го напушти стадионот „Рајко Митиќ“, а неговиот наследник е договорен. Станува збор за Милош Милојевиќ, поранешниот шеф на стручниот штаб на Хамарби. Тој веќе беше во Црвена звезда, тогаш како прв асистент на неговиот истоименик Владан Милојевиќ.
Милојевиќ претходните денови беше поврзуван со клупата на Розенборг, но се уште ништо не е официјално.
https://twitter.com/FotbollDirekt/status/1471132158681137153?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1471132158681137153%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fhotsport.rs%2F2021%2F12%2F17%2Fstankovic-odlazi-vraca-se-milojevic-delije-u-transu%2F