Баерн ќе го продаде францускиот играч за врска Микаел Куисанс (22) на Венеција за десет милиони евра, пишуваат италијанските медиуми.
Куисанс е три години во Баерн и одигра 13 натпревари и постигна два гола. Билд во септември напиша дека играчот од средниот ред не сака да тренира бидејќи мисли дека е премногу добар за да седи на клупата на Баерн.
Клубот не го толерира неговиот однос, а соиграчите го сметаат за арогантен и безобразен. Тој на последните тренинзи ги повреди соиграчите Марсел Сабицер и Свен Улрајх, па тренерот Нагелсман имаше посебни разговори со него. Тогаш беше договорено Куинс да го напушти Баерн во јануари.
Куинс во Баерн пристигна во летото 2019 година за десет милиони евра од Гладбах. Во својата кариера настапуваше и за вториот тим на Нанси и Марсеј.