Италијанскиот шампион направи голем кикс на гостувањето против Кремонезе играјќи без голови. Сега „росонерите“ имаат дури осум бода негатива во однос на лидерот Наполи.
Милан важеше за голем фаворит, но не успеа да пронајде пат до мрежата на Марко Карнесеки. Голманот на домашните бранеше одлично и ги откажа напаѓачите на Милан.
Дивок Ориги во вториот дел успеа да постигне гол, но по прегледување на ВАР снимката не беше признат поради офсајд позиција.
Кремонезе се наоѓа на 18. позиција на табелата во Серија А со само седум освоени бода.