Валон Етеми, македонскиот фудбалски репрезентативец, дојде до шестиот гол сезонава во дресот на Истанбулспор за првиот бод за овој тим во турското првенство во 2023 година.

Нашиот напаѓач стрелаше прецизно од пенал дури во 12. минута од судиското продолжение, со што изедначи во пресметката на домашен терен против Газиантеп (1-1) и спаси бод за својот тим.

 

Истанбулспор сега има 12 бодови со кои останува на последното место, со за нијанса поголеми шанси во борбата за опстанок.