Манчестер Сити не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и одигра нерешено 0-0 против Интер во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Екипата на Пеп Гвардиола не успеа да го пробие цврстиот одбранбен блок на Интер, кој беше одлично поставен од Симоне Инзаги пред голот на Јан Зомер.
Италијанскиот тим покажа дефанзива на ниво и го сопре ривалот од финалето од пред две години во фудбалската европска елита. Во првиот дел Интер делуваше поофанзивно, имаше и две прекрасни шанси преку Дармиан и Аугусто, но Едерсон не дозволи гол, а на спротивната страна, се заканија Халанд, Де Брујне и Бернардо Силва, но и тие не погодија. Во вториот дел Сити беше поактивен, најдобрата шанса за гол ја имаше Гундоган пред крајот со глава, но безуспешно.