Фенербахче одигра нерешено на гостувањето кај Гезтепе во второто коло од турскиот шампионат. Иако на полувремето играчите на Жозе Мурињо имаа предност од 0-2, на крајот натпреварот заврши со 2-2 и гостите мораа да се задоволат со бод.
Најпрво во третата минута од судиското надополнување на првото полувреме Џеко постигна гол од пенал за водство на својот тим. Четири минути подоцна, во седмата минута од судиското надополнување, Ен-Несири постигна гол за 2:0.
Гунтер во централната фаза од вториот дел намали и се чинеше дека домашните не можат да извлечат позитивен резултат. Сепак, Ромуло во 95. минута постигна гол вреден еден бод за Гезтепе.
Инцидентот и нападот над Али Коч:
За време на натпреварот имаше страшни сцени во кои претседателот на Фенербахче Али Коч го извлече најлошото. Имено, Коч беше на тревникот и физички беше нападнат. Навивачите од трибините фрлаа со сè и сешто, но првиот човек на Фенер беше нападнат од човек кој имал акредитација. На Коч му е повредена главата, а лицето кое го нападна веднаш е идентификувано и приведено.