Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година го победи Гибралтар со 0-2 и стигна до третиот триумф во квалификациите за ЕП 2025. Тоа е барем мала утеха по убедливиот пораз (5-0) од Холандија во Алмере.
За фудбалерите на Канатларовски победа над овој ривал беше императив, па се испадна како што требаше. Нашиот национален тим лесно дојде до победа на гостувањето на незгодниот терен затоа што се игра на вештачка подлога, па до крајот на циклусот ќе игра најмногу за третото место.
Селекцијата на Драган Канатларовски ја оправда фаворитската улога, а двата гола ги постигна во првото полувреме.
Одбраната на домаќинот прв ја разби Ване Крстевски, кој постигна гол за водство во 24.минута. Вториот гол беше дело на Фитон Адеми во 42.минута од дуелот.
Во второто полувреме Македонија имаше шанси и за трет гол, но голманот Авелано беше на висина на задачата и одбрани неколку тешки шутеви. Гибралтар го заврши натпреварот и со играч помалку затоа што во 85. минута поради груб фаул исклучен беше Перера откако го сопна нововлезениот Матеј Ангелов.
Во следното коло од квалификациите за ЕП У21, Македонија ја дочекува Молдавија. Со евентуален триумф нашиот национален тим ќе го осигура четвртото место на табелата.