Младиот талентиран играч за врска на Барселона, Марк Бернал, имаше успешна операција на коленото и менискусот, официјално информираа од Барселона. Интервенцијата ја изврши лекарот Жоан Карлес Монлау во клиника во Барселона и играчот ќе остане под надзор на клупските лекари.
Од „Камп Ноу“ додадаваат дека очекуваното закрепнување на Марк Бернал треба да трае дури 12 месеци.
Марк Бернал ја доби довербата на Ханси Флик од почетокот на сезоната, а се повреди на натпреварот против Рајо Ваљекано во пресметка со еден противнички играч во последните минути од дуелот.
Надежите на Ханси Флик и раководството на Барселона се дека повредените Френки де Јонг и Ансу Фати ќе се вратат во ритам по репрезентативната пауза.