Европската фудбалска унија (УЕФА) го избра идеалниот тим по завршувањето на Европското првенство (ЕП) во Германија, а во него доминираат шпански фудбалери.
Шпанија победи во сите седум натпревари, па дури шест репрезентативци беа избрани во најдобриот тим, додека два има Франција, а по еден имаат Швајцарија, Англија и Германија.
Идеалниот тим е составен од Мањан, Марк Кукуреља, Салиба, Аканџи, Вокер, Фабијан Руиз, Олмо, Родри, Нико Вилијамс, Мусиала и Ламин Јамал.