Миовски како и што се очекуваше откако пристигна во клубот пред неколку дена не се најде во стартниот состав, а на теренот влезе во 58. минута. Набрзо по влегувањето македонскиоит репрезентативец влезе во две прилики за погодок, но не успеа да реализира.
Атлетико до победата дојде со головите на Гризман, Љоренте и Коке кој стави точка на натпреварот во самата завршница.
Жирона во следното коло игра на свој терен против Осасуна и тоа ќе биде шанса Миовски за првпат да заигра пред домашната публика во новиот клуб.