Манчестер Јунајтед не ја стартуваше 2022 година според посакувањата. Тимот на Ралф Рангник загуби дома (0-1) од Вулверхемптон. Жоао Мутињо во 82.минута го постигна победничкиот гол на натпреварот и го замолкна „Олд Трафорд“.

Можеби се ќе беше поинаку доколку Бруно Фернандеш реализираше чиста прилика при 0:0.

https://twitter.com/Ramzz_EN/status/1478079165010255876?s=20

Ова е голем удар за Јунајтед кој сега останува на седмата позиција на табелата во Премиер – лигата со 31 бод. Вулверхемптон по триумфот стигна до 28 бода и се наоѓа веднаш зад „црвените ѓаволи“.