Време е Жозе Мурињо да дебитира на клупата на Рома! Трабзонспор ќе го пречека клубот од главниот град на Италија в четврток во 19:30 часот, во рамките на 4. коло од квалификациите за влез во групната фаза на Лигата на конференции.
– Точно е дека ова ќе биде мојот прв официјален натпревар во овој клуб, но ќе биде мојот 996 -ти натпревар ако не се лажам. Затоа сум смирен – истакна Португалецот за „Скај Спорт“.
Мурињо смета дека неговиот тим ќе има два тешки дуели.
– Ова не изгледа како плејоф за Лигата на конференции, туку како натпревар од Лига Европа или Лига на шампиони, бидејќи двата клуба играа Лига на шампиони пред неколку години – истакна Жозе.
https://twitter.com/OfficialASRoma/status/1427705277604712454?s=20