Во реваншот против исландскиот Бреидаблик, кавадарчани доживеаја пораз од 1-3 со што се недоволни оние 3-2 од првиот дуел што се одигра минатата недела во Скопје. За болката да биде уште поголема, Тиквеш водеше но потоа прими наивни голови и на крајот мораше да му честита на противникот.
Погодокот за водство го постигна Спахиу по само девет минути игра, на асистенција на Витао.
https://twitter.com/i/status/1814018697293336910Се чинеше дека Тиквеш ќе замине со предност на голем одмор, но Стеиндорсон го израмни резултатот пред истекот на полувремето и тоа се покажа како мошне важен момент за натамошниот тек на натпреварот.
https://twitter.com/i/status/1814027659871199627По осум минути игра во вториот дел Гунлаугсон од голема далечина ја затресе мрежата на Тиквеш.
https://twitter.com/i/status/1814034417473483218Стрелец на голот вреден второ коло го постигна Кристинсон во 85. минута.
Во второто коло исландскиот тим ќе се сретне со Дрита од Косово, а на европска сцена, од македонските клубови останува само шампионот Струга.