Барселона славeшe против Реал Мадрид со 0-1 на „Сантијаго Бернабеу“ и обезбеди предност по првиот полуфинален натпревар од Купот на Шпанија. Каталонците беа ослабени, без Левандовски, Дембеле, Педри, но дефанзивецот на Реал, Едер Милитао, постигна автогол во 27.минута и го реши ова „Ел Класико“.
„Кралевите“ не успеаја до крајот да изедначат, а Барселона одигра одлично во одбраната.
Реал Мадрид не упати ниту еден шут во рамките од голот на Тер Штеген.
Клучниот момент се случи во 26. минута кога Кеси шутна, но Милитао си постигна автогол за водство на Барселона од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
Во продолжението од мечот Реал Мадрид имаше иницијатива, но без резултат, не создаде ниту една сериозна шанса.
По оваа победа шансите на Барселона за пласман во финалето значително се зголемија, Реал Мадрид ќе мора да брка победа на реваншот на Камп Ноу.