Откако се појавија информации дека Роман Абрамович го купува турски Гезтепе, се огласија од клубот и демантираа такво нешто.
За рускиот бизнисмен се тврдеше дека ќе замине за Турција откако беше приморан да го продаде Челзи. Сепак, претседателот на Гезтепе, Талат Папаја, демантира такво нешто.
„Читаме во медиумите дека Абрамович ќе го купи Гезтепе. Тоа не е точно“, изјави Папаја.
Гезтепе во моментов се бори за опстанок, а македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ е негов единствен член од нашата земја.