Шпанскиот првак, каталонскиот гигант Барселона постигна договор со талентираниот Микај Фаје. Младиот 18-годишен тинејџер од Сенегал кој игра во дефанзивниот ред беше поврзуван и со екипите на Челзи и Борусија Дортмунд, но Барселона успеа да го придобие неговиот потпис.
Малку неверојатно, но вистинито, Фаје во Барселона доаѓа од екипата на хрватскиот второлигаш Кустошија. Фаје во тимот од Загреб пристигна на почетокот на годината од сенегалскиот тим Дијамбарса и во 14 натпревари успеа да постигне и еден гол во втората хрватска лига.
Фаје игра како лев бек или стопер, а за У17 селекцијата на Сенегал има 10 настапи. За трансферот во Барселона објави и најпознатиот спортски новинар за трансфери, Фабрицио Романо. Хрватскиот второлигаш од трансферот на Фаје ќе заработи пет милиони евра.