Последниот твит на македонскиот фудбалер, Бојан Миовски фрли сомнеж кај дел од фановите на Абердин за иднината на нивниот напаѓач.
Миовски се поврзува со трансфер во глазговски Селтик и тоа уште во јануарскиот преоден рок.
„Оди самоуверено во насока на твоите соништа“, објави Миовски на твитер.
Според коментарите под твитот, дел од фановите на Абердин се исплашија ова да не значи отворање на ново поглавје во кариерата на Миовски, односно трансфер во нов клуб.
Други веруваат дека ова е само обична порака од Македонецот која доаѓа брзо по натпреварот во кој со два гола му донесе победа на Абердин.