Од 16 до 20 август ќе се одржи јубилејното 50-то издание на ракометниот турнир во Струга, турнир на кој освен домашни екипи ќе учествуваат тимови од Словенија, Грција и Словачка.
Организаторите ги објавија термините за битките на истиот, па така турнирот ќе биде отворен на 16 август со дуелот меѓу домаќинот Струга и вицепрвакот на Македонија Еурофарм Пелистер закажан за 17 часот.
Потоа од 19 часот Вардар ќе се соочи со Алкалоид, а првиот ден ќе биде затворен со пресметката меѓу Бутел и Целје.По три средби имаме и наредните три денови за да на 20 август на игралиштето „Горан Попоски Бабец“ видиме четири соочувања од кои најважно е финалето кое ќе се игра од вечерниот термин од 21:15 часот.