Иако имаше обезбеден пласман во полуфиналето како првопласиран од својата група и денешниот дуел против Данил Медведев не му значеше ништо, Новак Ѓоковиќ не дозволи пораз, па потроши три часа и 11 минути на теренот во Торино, за да го надигра Русинот со 6-3, 6-7(5), 7-6(2).
Првиот сет не беше соодветна најава на тоа што ги очекуваше гледачите во „Пала Алпитур“, бидејќи Ѓоковиќ го реши по едноставен пат, со еден брејк, во осмиот гем. Но, во продолжението и кај двајцата проработе инаетот, едниот за да не си замине со максимални три пораза, другиот за да остане перфектен.
Откако Ѓоковиќ имаше проблеми со едното око, поради што свика и медицински тајм-аут, малку го измести фокусот и го загуби сетот во тајбрејк со 7-5. Во третиот беше уште поизедначено, еден гем траеше 15 минути, а епилогот беше откриен во тајбрејк, овој пат со 7-2 за Србинот.
Утре од 21 часот, ќе игра против Тејлор Фриц за осмо финале на завршните турнири, и за главната цел шеста титула, со што би се изедначил со Роџер Федерер. Второто полуфинале се уште е непознато, а ќе го избистрат Стефанос Циципас и Андреј Рубљов со меѓусебниот дуел, вечерва од 21 часот. Победникот ќе му биде противник на Каспер Руд од другата група, каде што веќе завршија прелиминарните мечеви.