Ѓоковиќ ѝ се обрати на светската јавност посочувајќи дека е благодарен за судската одлука и додавајќи дека без оглед на сѐ што се случуваше и сите тортури во изминативе денови, единствено е фокусиран и сака да игра на Австралија опен, заблагодарувајќи им се на сите за големата поддршка.
„Задоволен и благодарен сум што судијата го поништи укинувањето на мојата виза. И покрај сѐ што се случи, сакам да останам и да се обидам да играм на Австралија опен. Останувам фокусиран на тоа. Летав до овде за да играм на еден од најважните турнири што ги имам, пред неверојатните навивачи. Засега не можам повеќе ништо друго да кажам, ама големо Благодарам што бевме со мене и што ме охрабрувавте да останам силен.