Хамилтон не ја исклучи можноста за повлекување, но откако пред неколку дена се појави со слика на социјалните мрежи, сега Мерцедес се пофали дека се вратил во централата, а сето тоа се поклопува со стартот на тестирањата во пресрет на новата сезона, па Британецот сигурно ќе биде дел од сезонава и ќе се обиде да го надмине легендарниот Михаел Шумахер со кого сега го делат првото место по број на титули – по седум.
За 23 февруари е закажано тестирањето во Барселона на Мерцедес, а пет дена потоа според најавите ќе има официјална промоција на возачкиот двоец на овој гигант во новата сезона во Ф1.