Во главната борба на настанот Matchroom, Џозеф Паркер го одбрани интерконтиненталниот појас во тешка категорија победувајќи го Дерек Чисора.

Борбата траеше 12 рунди во кои боксерите не се штедеа, и на двајцата има беше броено неколку пати, но на крајот успеаја да стигнат до самиот крај и да ја чекаат судиската одлука.

Судиите едногласно прогласија победа на Паркер со гласови 115-110, 115-111 и 114-112. Чисора проговори веднаш по борбата и рече дека не планира да го прекине боксот и покрај тоа што има 37 години.