Атлетико процвета откако Симеоне дојде на клупата, минатата сезона донесе нова шампионска титула, но сезонава мадридскиот гигант не е ни бледа сенка од претходната, а проблематична поради лошите резултати станува и битката за пласман во Лигата на шампионите.
И според последните најави од Италија, Атлетико е решен да го „украде“ Инѕаги од Интер, после само една година на екс-тренерот на Лацио на клупата на „нераѕурите“. Актуелниот кормилар на италијанскиот првак е прв пик во Мадрид и Атлетико ќе направи сѐ за да го убеди да дојде, а како втора опција им е тренерот на Милан, Стефано Пиоли, кој неодамна потпиша нов договор со „росонерите“.
Симеоне има договор со Атлетико до 2024 година, кој го потпиша ланското лето веднаш после освојувањето на шампионската титула, но за да остане до тогаш зависи од резултатите, а после слабата сезона во која може клубот да извиси за ЛШ лесно може да донесе прекин на соработката.