Норвешките ракометари ја совладаа Холандија со резултат 37:34, во последниот натпревар од групата 2 на Светското првенство.
Скандинавките, инаку актуелни европски прваци, на тој начин ги елиминираа планетарните шампиони и ги одведоа Швеѓанките со себе во четвртфиналето.
Шведска претходно ја победи Романија со 34:30, но беше загрижена дека мечот меѓу Норвешка и Холандија може да заврши нерешено со многу голови.
Шведска против Холандија одигра 31:31, а со Норвешка ремизираше 30:30, па ефикасно реми меѓу европскиот и светскиот првак ќе значеше нивна елиминација, ако ги погледнеме пропозициите.
Најдобра кај Норвешка во големата победа беше Реистад со 10 голови. Осум постигна Морк, а седум Херем.
Одличната партија на Хусер, која постигна 10 гола, не можеше да ја спаси Холандија од пораз.
По дуелот меѓу Русија и Франција и победата на олимписките шампионки со резултат 33:28, заврши втората фаза, а познати се четвртфиналистите.
Ова се паровите:
Франција – Шведска
Данска – Бразил
Норвешка – Русија
Шпанија – Германија