Фудбалот е најважната споредна работа на светот, но многу пати со себе носи и несакани случувања. Вчера во Кувајт на натпревар меѓу младинските екипи Ал Араби и Ал Тадахмон имаше една таква сцена.
Во еден момент, играч на гостинскиот тим колабира и падна на теренот и беше јасно дека се работи за многу тешка ситуација. Дотрчаа лекарите, настана вистински хаос на теренот, а потоа на сцена тренерот Русмир Цвико.
Цвико реагираше храбро, но пред се професионално и младиот фудбалер дојде при свест, иако многумина веќе помислија на најлошото.
Младиот фудбалер беше префрлен во болница, а од клубот подоцна соопштија дека е во стабилна состојба.
https://twitter.com/KoooraWorld/status/1635184590141947904?s=20