Извонредниот српски центар Никола Јокиќ продолжува да ги поместува границите во НБА лигата, бидејќи како кошаркар од Европа, може да се пофали дека го добил најголемиот договор во историјата на американската кошарка.
Центарот кој освои две последователни МВП признанија се обврза на петгодишна верност со Денвер и беше вклуче „сумермакс“ договорот, кој всушност е најбогатиот договор на сите времиња во НБА лигата.
Раководството на Нагетси решија да не штедат за српскиот виртуоз со кошаркарската топка и богато да го наградат најдобриот играч во лигата во последните две години, бидејќи новиот договор вреди неверојатни 264 милиони долари.
Толку голема сума на долари не се памети во НБА историјата и ова е најголемиот договор којшто го склучил еден кошаркар, што доволно говори какво влијание има Јокиќ и каква мегаѕвезда стана во период од само неколку години.