Камерунскиот голман Андре Онана е нов член на Интер. Досега Онана го бранеше голот на Ајакс, а во италијанскиот гигант доаѓа како слободен агент. Камерунецот уште во јануари ги мина лекарските прегледи, а сега стави потпис.

Онана за Ајакс бранеше на 214 меча, со Интер потпиша петгодишен договор, но не се знае дали ќе се избори да биде стартер, или ќе му биде резерва на Самир Хандановиќ.

Онана е четврто засилување на Интер после Лукаку, Аслани и Мхитарјан.