Манчестер Сити успешно ја помина четвртфиналната рунда во ФА Купот, дуелот со Њукасл го доби со 2-0.
„Граѓаните“ важеа за огромни фаворити, статус кој го потврдија со рутински триумф и обезбедија полуфинале, односно му се приклучија на Ковентри кој претходно направи големо изненадување и славеше над Вулверхемптон со 3-2 на негов терен.
Двата голови за Сити беа дело на португалскиот репрезентативец Бернардо Силва кој беше стрелец во 13 и 31 минута.
https://twitter.com/i/status/1769058911871537300
https://twitter.com/i/status/1769063137305596388
Утре се играат преостанатите два четвртфинални натпревари од ФА Купот, Манчестер јунајтед – Ливерпул и Челси – Лестер.