После цел ден, конечно чекавме да добиеме барем некоја порака од Новак.
– Господ гледа сè! Мојот благослов е духовен, а нивниот материјален – напишал Новак во пораката до својот брат Џорџ, која ја прочита пред медиумите.
Прес конференција одржаа семејството на Ѓоковиќ. Таму беа претставени шокантни детали од тортурата на Новак Ѓоковиќ во Мелбурн од страна на австралиските власти.
Дијана Ѓоковиќ, мајката на Новак Ѓоковиќ едвај ги задржа солзите и изјави:
– Никој не заслужи ваков третман, ниту тој што девет пати го освои нивниот турнир! Ова е скандалозно! Сега е очигледно дека не смее да игра. Го ставаат во валкани хотели и го држат со часови во очајни услови, нема никаков контакт со нас. – изјави Дијана и додаде:
Според мене, тој е голем победник. Тој е некој кој е револуционер, кој го менува овој свет и мислам дека тоа веќе започна. Тој ќе ја има нашата најголема можна поддршка.