Едно од најголемите имиња на светскиот фудбал Кристијано Роналдо вели дека Португалија е фаворит во пресрет на секој натпревар.

„Македонија изненади и го направи тоа на многу натпревари, но верувам дека утре нема да нè изненади. Португалија ќе биде подобра и ќе одиме на СП. Секогаш има притисок врз професионалните играчи, но мислам дека сите се подготвени. Знам дека сите мислат дека ќе биде полесно против Македонија, но ќе биде исклучително тешко. Тие заслужија да бидат тука, но ако направиме пекол овде на „Драгао“, ќе направиме одличен резултат. Имаме одговорност да бидеме позитивни и да го добиеме натпреварот. Светско првенство без Роналдо? Нема Светско првенство без Португалија, овде нема поединци, тоа е група, сите сме тука за иста цел.“ – вели Роналдо.

Натпреварот Португалија-Македонија е утревечер на „Драгао“ во 20.45