Фудбалерите на Виљареал го декласираа Еспањол со 5:1 во натпреварот од 26. коло на Ла Лига.
Натпреварот го одбележа младото крило на „жолтата подморница“ и шпанската репрезентација Јереми Пино, кој постигна четири гола за својот тим.
Сето тоа Пино го направи до 53. минута од играта, а до крајот утешниот гол за Еспањол го постигна Албанецот Кеиди Баре во 65. минута, по што овогодинешната аквизиција на Виљареал Булај Диа влезе во стрелците во 86. и го постави конечниот резултат.
Со 19 години и 130 дена Пино стана најмладиот играч во историјата на Виљареал кој постигнал два гола на првенствен натпревар, а да не зборуваме за три или четири. Покрај тоа, тој е вториот најмлад (според податоците од сезоната 2006/07) кој постигнал хет-трик во најдобрите пет лиги.
Подобар од него е Усман Дембеле, кој имаше 18 години и 296 дена кога постигна три гола против Нант во дресот на Рена.
Тој стана првиот играч во историјата на Виљареал кој постигнал четири гола на првенствен натпревар.
Пино напиша и историски страници со тоа што стана првиот играч кој постигнал четири гола против искусниот голман на каталонскиот клуб и поранешен голман на Реал Мадрид , Диего Лопез.
Виљареал со новите три бода ја прескокна Барселона на шестата позиција. Избраниците на Унаи Емери имаат исто бодови со шпанскиот великан (42), но два меча повеќе.
Кога станува збор за Еспањол, тие се 14-ти со 29 бода од 26 натпревари.
https://twitter.com/ESPNFC/status/1497947082652454915?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497947082652454915%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D02dd%3D27nav_id%3D2112914