Брајтон го победи Манчестер Јунајтед со 1-0 во драматичен финиш, откако пенал реализираше аргентинецот Алексис Мекалистер во 99.минута. Лук Шо играше со рака во шеснаесетникот во 97.минута, а по сигнализација од ВАР собата, судијата Андре Маринер покажа на белата точка.
Мекалистер успеа да го надмудри Де Хеа од 11 метри и му донесе триумф на својот тим и три важни бода.
Манчестер Јунајтед се наоѓа на четвртата позиција со 63 бода, четири повеќе од Ливерпул, кој има и еден одигран натпревар повеќе.