Партизан забележа нова победа, четврта по ред во Евролигата, а вечерва во нова спектакуларна атмосфера во Белград паднаа Кнезовите од Монако.
„Црно-белите“ славеа со 100:80 и со биланс од 8-9 се на само една победа до плејоф зоната.
Домаќините пред своите фанатични навивачи во „Штарк арена“ во Белград го скршија отпорот на Монако во последниот период што го добија со 31:12 и ги освоија бодовите.
Матијас Лесор како резерва постигна 21 поен и беше прв стрелец на мечот, а Кевин Пантер му помогна да го води Партизан до нова победа со 19 поени. Мадар уфрли 15 поени.
Најефикасниот кошаркар кај гостите од Монако, Ели Окобо уфрли 17 поени.
Монако е на делба на врвот на табелата со биланс од 11-6, колку што имаат и Басконија и Барселона.