Олимпијакос од Пиреја е вториот патник на фајнл-фор турнирот од Евролигата во кошарка откако на свој терен го победи Фенербахче со 84-72 и со 3-2 ја доби четвртфиналната серија.
Да се игра во салата на „Мирот и пријателството“ во Пиреја во пеколна атмосфера е многу тешко, а особено во натпревар кој решава за место на фајнл-фор. Домаќините носени од своите навивачи дојдоа до убедлив триумф над Фенербахче.
Грчкиот тим водеше во најголемиот дел од натпреварот, имаше и 17 поени разлика, на крајот победи со 84-72.
Слукас со 22 поени беше најефикасен во составот на Олимпијакос, Везенков постигна 17. Кај Фенербахче Гудуриќ реализираше 26 поени.
По Барселона, Олимпијакос е вториот патник на фајнл-фор турнирот, а во среда ќе бидат комплетирани учесниците откако ќе се одиграат мечевите Реал Мадрид – Партизан и Монако – Макаби Тел Авив.