Фудбалерите на Челзи го победија Брентфорд со 1: 0 (1: 0) во натпреварот од 8. коло на Премиер лигата.

Европскиот шампион се провлече на незгодното гостување, со многу среќа, и освои три поени благодарение на волејот на Бен Чилвел во 45. минута.

Тој налета на одбиената топка и ја „искина“ мрежата со одличен удар.

Тој гол беше практично се што видовме од „сините“, кои грчевито се бранеа до самиот крај .

Домаќинот двапати ја погодија стативата преку Мбуемо, при 0: 0 и во второто полувреме, а во последните 10 минути имаа неколку убави шанси да направат голем пресврт.

Сепак, фантастичниот голман Едуард Менди го спречи тоа со четири неверојатни интервенции.

Тој ги симна ударитее на Јансон, Годос, Мбуемо и Тони и без сомнение прерасна во најдобриот поединец на натпреварот.

Челзи повторно има бод повеќе од Ливерпул, и два повеќе од Манчестер Сити и се врати на првото место.

ВИДЕО

https://www.youtube.com/watch?v=sX1cG65D_dA

Премиер лига, 8 коло:
Ватфорд – Ливерпул 0: 5 (0: 2)
Мане 9, Фирмино 37, 52, 90 + 1, Салах 54
Лестер – Ман. Јунајтед 4: 2 (1: 1)
Тилеманс 31, Сојунчу 78, Варди 83, Дака 90 + 1 – Гринвуд 19, Рашфорд 82
Ман. Сити – Барнли 2: 0 (1: 0)
Б. Силва 12, Де Брујн 70
Астон Вила – Вулверхемптон 2: 2 (0: 0)
Ингс 48, МекГин 69 – Сајс 80, Коди 86
Саутемптон – Лидс 1: 0 (0: 0)
Броја 53
Норвич – Барнли 0: 0
Брентфорд – Челзи 0: 1 (0: 1)
Чилвел 45