Кевин Дурент, ѕвездата на Бруклин Нетс даде свое мислење за тоа кој треба да биде МВП оваа сезона.
Одличниот кошаркар, кој постигна 38 поени во победата на Нетси над Портланд од 128:123, нема дилема, предност му даде на кошаркарот на Филаделфија Џоел Ембид.
“Ако треба да погодувам кој ќе ја добие наградата МВП, би избрал меѓу Џоел Ембид, Демар Дерозан, Џо Морант. Ова се моите најдобри тројца кандидати и веројатно би се обложил на Ембид. Да, би можел да го вклучам и Јокиќ, но повторно би му дал предност на Џоел Ембид . Има толку многу играчи кои играат на високо ниво, оваа лига е одлично место“, вели Дурент.
Сите спомнати кошаркари од Дурент се во мртва трка за титулата МВП.
Ембид има просек од 29,9 поени, Дерозан е 27,9, Морант 27,5, а Јокиќ 26 поени по меч.
Повредите на Дурент го спречија да се најде во тој круг, но тој не е разочаран.
„Тоа што не сум во таа трка не ме објаснува како играч. Знам на што сум способен“, изјави Кевин Дурент.