Македонскиот првак Шкупи убедливо го победи Линколн ред Импс со 3-0 и направи голем чекор кон пласман во следната рунда од квалификациите за ЛШ каде го очекува Динамо Загреб. Ќе следи и реванш на Гибралтар, но тимот на Гоце Седлоски покажа дека е друга класа во однос на вечерашниот противник.
Шкупи речиси цело полувреме играше со фудбалер помалку откако во 54. минута поради два жолти картони беше исклучен Гаги Маргвелашвили.
Македонскиот шампион почна одлично и поведе во 11.минута со голот на Мамаду Данфа. Тој се ослободи од чуварите, се одлучи на удар од 16 метри и погоди на вистинското место, во долниот десен агол од голот на Линколн.
Сандеј Адетунџи и на овој дуел ги потврди голгетерските способности. Во 29.минута доби топка по десната страна и одлучи да шутира откосо, а погоди фантастично во спротивниот агол од голот на противникот.
Во вториот дел Шкупи играше со фудбалер помалку, но притисокот кон голот на Линколн не изостана, а тоа донесе и трет гол, кој всушност беше автогол на Рој Чиполина во 62.минута од дуелот.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, КВАЛИФИКАЦИИ
ШКУПИ (МКД) – Линколн (Гиб) 3-0
Пјуник (Ерм) – ЦФР Клуж (Ром) 0-0
Малме (Шве) – Викингур Рејкјавик (Исл) 3-2
Лудогорец (Буг) – Сутјеска (ЦГо) 2-0
Балкани (Кос) – Жалгирис (Лит) 1-1
Лех Познањ (Пол) – Карабах (Азе) 1-0
ТНС (Вел) – Линфилд (СИр) 1-0
Шамрок Роверс (Ирс) – Хибернијанс (Мал) 3-0