Фудбалерите на Фиорентина му го нанесоа првиот пораз на Милан оваа сезона од италијанскиот шампионат. Реми или победата ќе му го донесоа на Милан првото место на табелата во Серија А, но во Фиренца домашните славеа со резултат 4:3.
Натпреварот започна лошо за Милан. Веќе во 15. минута неговиот 35-годишен романски голман Ципријан Татарусану направи тешка и несфатлива грешка, кога му испадна топката од рака, што домашните играчи го искористија за првото славје на натпреварот. Алфред Данкан го постигна голот.
Рикардо Сапонара го зголеми водството на домаќините во судиското продолжение на асистенција на Душан Влаховиќ, а потоа во 60. минута српскиот напаѓач зголеми на 3:0. Тоа беше негов деветти првенствен гол сезонава. Двата гола на Златан Ибрахимовиќ, постигнати во 62. и 67. минута, внесоа живост во играта и му дадоа надеж на Милан, но Влаховиќ реши се во 85. минута со својот десетти гол во првенството. Конечните 4:3 беа постигнати по автоголот на Венути во 96. минута.
Годинава Влаховиќ постигна 27 голови. Повеќе од него во најсилните европски лиги има само Роберт Левандовски. Полјакот постигна 36. Исто така, овие 27 гола претставуваат израмнување на рекордното постигнување на еден играч на Фиорентина. За виолетовите никој досега не постигнал повеќе голови, а Влаховиќ со денешниот натпревар стигна до остварувањето на Курт Хамрин од 1960 година.