Спортинг Лисабон направи големо изненадување на „Емирати“ откако по изведување пенали го елиминира Арсенал со 5-3, и се пласира во четвртфинале на Лига Европа. Габриел Мартинели на успеа да реализира удар од белата точка, голманот на гостите Адан одбрани.

Натпреварот во регуларниот тек заврши 1-1. Арсенал имаше предност од 19.минута со голот на Гранит Џака, но во 62.минута Педро Гонкалвеш изведе неверојатна мајсторија кога од половина терен успеа да го надмудри истрчаниот Арон Рамсдејл.

Натпреварот отиде во продолженија, а потоа се изведуваа и пенали. На крајот, поуспешни беа фудбалерите на Спортинг Лисабон.