Рома имаше предност од 2-0 пред гостувањето кај Реал Сосиедад и успеа да го сочува тој резултат, натпреварот заврши без голови.
Тимот на Мурињо играше дефанзивен фудбал, речиси во текот на целиот натпревар, особено во второто полувреме фудбалерите на Рома беа сите во својата половина.
Реал Сосиедад тешко доаѓаше до шанса, имаше неколку можности но не ги искористи. На крајот Рома заслужено оди меѓу осумте најдобри во Лига Европа.
Таму ќе биде и Баер Леверкузен кој уште еднаш го победи Ференцфарош со 2-0, во четвртфиналето се пласираше и Ројал Унион кој со 3-0 беше подобар од Унион Берлин.