Лина Ѓорческа обезбеди пласман во третото коло од турнирот во Ираклион, Грција откако денес во два сета ја совлада шпанската тенисерка Андреа Лазаро Гарсија.
По вчерашниот триумф од 2-1 над Германката Ана Габриќ, Ѓорческа денеска имаше поубедлив настап против Андреа Лазаро Гарсија од Шпанија која е на 401 место на ВТА листата.
Ѓорческа се испоти во првиот сет кој го доби со 7-5, но во вториот беше перфектна, без загубен гејм, сетот заврши со 6-0.
Лина Ѓорческа која е трета носителка на овој турнир, утре во четвртфиналето ќе игра против Романката Кристина Дину која е 291 на ВТА листата.
Фјучрс турнирот во Ираклион на Крит се игра за награден фонд од 40.000 долари.