Наполи даде гол по половина час игра преку Ангиса, но истиот беше поништен од ВАР-технологијата поради прекршок. Сепак, девет минути подоцна Матео Политано го совлада гостинскиот голман за водство од 1-0.
Екипата на Унион Берлин брзо стигна до израмнување, односно во 52. минута кога Датро Фофана го совлада Мерет и израмни на 1-1, а резултатот остана до крајот на натпреварот.
Наполи има седум бодови на второто место во групата, односно пет помалку од Реал Мадрид. Брага е трета со три бода, додека Унион Берлин е последен со еден бод.
Реал Сосиедад влезе фуриозно во натпреварот и по само 21 минута постигна три гола преку Мерино, Ојарзабал и Бареничеа (3-0), иако предноста можеше да биде уште поубедлива за домаќините ако Мендез не промашеше пенал во 29. минута. Гостите единствениот гол го постигнаа преку Рафа Силва во 49. минута.
Шпанците се први во групата Д со 10 бодови, колку што има и Интер, додека Салцбург е трет со три бода, а последна е Бенфика без бодови.