Баерн Минхен ја оправда фаворитската улога совладувајќи го на домашен терен Галатасарај (2-1), за четврта победа во групната фаза од Лигата на шампионите за место во нокаут-рундата. Со овие три бода и поразот на Манчестер Јунајтед од Копенхаген во Данска, баварците го осигураа осминафиналето од првото место во групата,
Баерн е импресивен во групната фаза на ЛШ, затоа што на 36 натпревари во низа тимот не знае за пораз во групната фаза. Серијата тргна од 2017 година од дуелот со Селтик и трае до денес.
Човек на натпреварот во Минхен беше Хари Кејн, кој продолжи со импресивното гол шоу. Новото засилување на германскиот првак од ова лето постигна два гола во мрежата на Галатасарај и така го порази ривалот. Двата гола паднаа во 80. и 86. минута. Натпреварот можеше да биде поинаков да не беше поништен голот на Икарди при 0-0 поради офсајд.
Арсенал лесно ја совлада Севиља (2-0) во групаста Б. Тросар и Сака реализираа за лидерот на табелата и со овој триумф „топџиите“ со едната нога се во осминафиналето на Лигата на шампионите. Сепак, Артета не е насјреќен, бидејќи заради повреда, Сака предвреме го заврши натпреварот.