Челзи одигра одлично прво полувреме на првиот ден по Боксинг деј и води со 2:0 против Борнмут, со што е на прагот на нова победа во Премиер лигата.
Интересно беше во 12. минута кога имаше пенал за домаќините, но не беше досуден по фаулот на Смит над Пулишиќ.
Судијата Хупер не покажа на белата точка, а домаќините не се разочараа, туку напротив го засилија темпото и набрзина дадоа два гола.
Моментот од 12. минута и влечењето за дрес на Смит во дуелот со Пулишиќ погледнете го ОВДЕ.
Само четири минути подоцна Каи Хаверц го постигна првиот гол за Челзи, погледнете ОВДЕ.
Во 24. минута веќе беше 2:0 за домашниот тим кога погоди Мејсон Маунт, а тој гол можете да го видите ОВДЕ.
Челзи е во серија од пет меча без победа во Премиер лигата и ако денеска успее да ја прекине црната низа ќе се пробие на осмото место со 24 бода.